Увид во завршни активности за партерно уредување на местото Аргач |
Wednesday, 14 October 2020 14:08 | |||
There are no translations available.
Се работи за 600 метри квадратни површина која е партерно уредена со поставување на нови клупи, корпи за отпадоци, бехатон, канделабри и декоративни садници. „Ова е заедничка инвестиција на Општина Штип и ЈП „Исар“ која чини околу 1,8 милиони денари, а дополнително Општина Штип на овој потег во градот извши санација на паркинг просторот, инвестиција која чини 400.000 денари, со што вкупната вредност на инвестиција во овој дел од градот е 2,2 милиони денари,“ истакна в.д. Градоначалникот на Општина Штип. Директорот на ЈП „Исар“ истакна дека ваквите уредувања даваат нови катчиња за градот и граѓаните. Дополнително вакво партерно уредување јавното претпријатие Исар реализираше и во населбата Автокоманда во близина на градскиот пазар.
|