Увид во градежни активности за водовод во Чардаклија |
Thursday, 10 September 2020 13:24 | |||
There are no translations available. Денеска заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов и директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев беа на увид во градежните активности за изградба на водоводна линија до Чардаклија. „По инвестицијата во населба Балканска, пристапуваме со поставување на водоводна линија за водоснабдување на Чардаклија. Се работи за инвестиција од 5,5 милиони денари и водоводна цевка во должина од 1500 метри. Со ова околу 920 жители во Чардаклија ќе добијат чиста и здрава вода за пиење, а претходно со инвестиција од околу 22 милиони денари во населба Балканска околу 600 жители се приклучени на градскиот водовод,“ истакна заменик градоначалникот Јане Миланов. Директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев истакна дека во наредните денови ќе биде завршена првата фаза од овој проект во должина од 200 метри, а потоа се пристапува со водоводна цевка и кон Чардаклија. После долги години се решаваат ваквите проблеми со водоснабдување на граѓаните без разлика за кој дел од градот се работи.
|