Детските градинки во Општина Штип спремни за прием на дечиња на 9 септември |
Thursday, 03 September 2020 12:28 | |||
There are no translations available. Денес во просториите на Oпштина Штип се одржа координативен состанок за почеток на функционирање на двете детски установи ЈУДОДГ„Вера Циривири Трена“ и ОЈУДГ„Астибо“. Детските градинки започнуваат со работа на 9 септември почитувајќи ги сите протоколи предвидени од Комисијата за заразни болести и Министерството за труд и социјална политика каде што децидно е превидено дека установите ќе ги згрижат дечињата чии родители ќе донесат Потврда за морално физичко присуство на работните места и здравствена состојба на детето. Детските градинки ќе фунционираат со преполовен капацитет. ,,Во ЈУДОДГ„Вера Циривири Трена“ има пријавено 151 дете за згрижување, 30 проценти од капацитетот во оваа детска градинка е пополнет.’’изјави директорката, Софче Атанасова. ,,ОЈУДГ„Астибо“ која располага со пет објекти според новите протоколи и намалениот капацитет пополнети се околу 400 места од предвидените 500 .'' директор, Билјана Трајчевска Апел! Родителите мора да ги почитуваат протоколите за работа на детските установи за нормално функционирање на истите. - Родителите при носење на децата во градинка задолжително да имаат заштитна маска. - Да го почитуваат утврденото време за носење на детето во установата, како и просторната дистанца при предавање и земање на детето. - Носењето и земањето на детето од градинка да го врши само еден родител, освен во исклучителни ситуации со најава да биде друго лице. - Доколку родителот забележи појава на симптоми кај детето (зголемена температура, повраќање или пролив и др.) да не го носи детето во градинка и веднаш да се консултира со лекар. - Родителот/родителите пред повторно да го вклучи детето во градинката потребно е да достави потврда од работодавач дека работните задачи задолжително мора да ги извршуваат на работното место. - Родителот да обезбеди лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете.
|