Реконструкција на асфалтна површина кај местото Аргач |
Thursday, 18 June 2020 14:19 | |||
There are no translations available.
Се работи за 900 метри квадратни асфалтна површина и цена на чинење од околу 408.000 денари. Дополнително во овој дел ќе се пристапи и со партерно уредување на 600 метри квадратни паркова површина. Овој дел ќе биде уреден со бехатон, паркови клупи, метални корпи за отпадоци, канделабри и комплетно озеленување на просторот со украсни дрвја и декоративни садници. Оваа инвестиција дополнително ќе чини 1,8 милион денари. Градоначалникот Бочварски истакна дека се работи за барање на граѓаните од централното градско подрачје но и значајно место за сите граѓани кои гравитираат во овој дел од градот.
|