Потпишување договор за изградба на паркинг платформа |
Friday, 12 June 2020 11:51 | |||
There are no translations available.
Се работи за капитална инвестиција финансирана од Општина Штип и од Бирото за регионален и рамномерен развој преку Центарот за Источен плански регион. „Ова е многу значајна инвестиција за градот и за граѓаните. Оваа идеа е уште од 2009, но до 2017 не беше реализирано ништо. Денеска имаме веќе една платформа која значително го олеснување паркирањето на граѓаните, а започнуваме со изградба на уште една платформа по течението на река Отиња. Инвестицијата е околу 17,8 милиони денари од кои половина ќе ги финансира Општина Штип, а половина Центарот за Источен плански регион,“ изјави градоначалникот Бочварски. Ваквите партнерски инвестиции како што е детската градинка „Виножито“ и паркинг платформата се многу значајни за граѓаните и затоа ќе продолжиме со тесна соработка со сите институции.
|