Home Events 20 Mај ден на пожарникарството во РСМ
20 Mај ден на пожарникарството во РСМ
Wednesday, 20 May 2020 13:32
There are no translations available.

Pozarna0120 Mај од осамостојувањето на нашата држава во 1991 година се одбележува како ден на пожарникарството.

За жал поради ситуацијата со Корона вирусот денот беше одбележан без манифестацијата од страна на ТППЕ-Штип .

,,ТППЕ-Штип има 24 часовно дежурство и сме отворени за сите повици. Во овој период активно се вклучивме  во борбата со Корона вирусот со дезинфекција на јавно прометни површини, плоштади, станбени објекти.” изјави командирот Тони Атанасов

Денот на пожарникарите но и јубилејот 100 години од постоењето на ТППЕ го честита и лично градоначалникот Бочварски со неговата посета на ТППЕ-Штип.

,,Имам огромна чест да го честитам денешниот ден на пожарникарите ,а воедно и 100 годишнината од формирањето  на ТППЕ -Штип. Огромна благодарност до нашите пожарникари кои освен нивните редовни активности обавуваа сериозни задачи во справување со Корона вирусот затоа што беа во првите борбени редови со нашите волонтери и  Јавните претпријатија.

Пожарникарите со нивното знаење и стручност во овој период постапуваа по  насоките  на Штабот за заштита и спасување  и допринесоа да се стиши пандемијата во градот.

Сакам да ја информираме јавноста дека веќе имаме аплицирано за ново специјализирано возило за ТППЕ со проект за прекугранична соработка со нашите партнери од Бугарија. Во наредните месеци ја очекуваме завршна фаза од апликацијата и распишување постапка за Јавна набавка.

Во иднина посакаувам да славиме уште поголеми јубилеи со што помалку интервенции’’.

Pozarna02

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

April 2025
M T W T F S S
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize