Пакети со прехранбени продукти и дезинфекциони средства |
Tuesday, 14 April 2020 15:15 | |||
There are no translations available.
Пакетите со овие продукти ќе бидат поделени на социјално загрозени семејства, по утврдени критериуми од општинските институции и центарот за социјални грижи во Штип. „Компанијата КИТ-ГО донира прехранбени прозиводи и средства за дезинфекција во висина од над 140.000 денари што е за поздравување, сакам да ја изразам мојата благодарност до оваа компанија што покажала општествена одговорност во овие тешки времиња кога реално на граѓаните им е потребна секаква поддршка и помош. Овие 300 пакети коишто ги добивме од компанијата КИТ-ГО ќе ги донираме на социјално загрозените семејства,“ истакна градоначалникот Бочварски. Општина Штип апелира до секоја компанија и секој граѓанин коишто се во можност во овие тешки времиња да донираат со што ќе им излеземе во пресрет на граѓаните.
|