Свечена академија по повод денот на градот |
Thursday, 19 December 2019 10:10 | |||
There are no translations available.
Орденот "Св. Никола" постхумно му припадна на Никола Кљусев, првиот премиер на експертската Влада од независноста на Македонија. ,,Ние сме должни да го ја сочуваме оставштината од нашата историја, да и оддадеме почит и да ја промовираме како наша најголема историска вредност. Покрај орденот Св. Никола оваа година признание доби Касарната ,,Јане Сандански’’ од Штип која ќе стане база на најмоќниот воен-политички сојуз во светот , а со тоа Штип ќе биде вграден во мапата на Нато алијансата. Стојан Троицки еден од основоположниците на нашиот најреномиран и меѓународно етаблиран фестивал на забавна мелодија ,,Макфест’’. Фестивал кој поминал многу премрежја, а оваа година според многу музички експерти се враќа на вистинските патеки. Лилјана Крстевска, дипломиран социјален работник со 40-годишно работно искуство од областа на работата со маргинализирани групи и претседателка на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“.
Нека ни е честит празникот "Св.Никола" денот на град Штип.
|