Посета на Здружение на пензионери |
Friday, 06 December 2019 15:58 | |||
There are no translations available.
На оваа средба присутен беше и претседателот на Здружението на пензионери, Ристе Нетков. „Денеска заедно со претседателот на Здружението на пензионери, Ристе Нетков сме на средба со пензионерите во Штип. Јас како градоначалник сакам да ги слушнам нивните идеи и потреби за развој на Штип. Во овој период работиме на широки дебати за тоа кои потреби треба да влезат во буџетот на Општина Штип за 2020 година,“ истакна Бочварски. Претседателот на Здружението, Ристе Нетков ја потврди одличната соработка со локалната самоуправа за сите потреби кои биле во ингеренции на локалната власт. Пензионерите се задоволни од мерките на Владата за зголемување на пензиите.
|