Граѓански форум во Општина Штип |
Thursday, 28 November 2019 13:01 | |||
There are no translations available.
На овој настан граѓаните од урбаните заедници учествуваа во градење на Буџетот на Општина Штип за 2020 година, преку свои конкретни предлози и мерки кои се значајни за подобрување на условите во средините во кои живеат и гравитираат. На овој настан присутни беа, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов, директорите на јавните претпријатија и претставници од Фондацијата за развој. Општина Штип преку ваквите настани ги вклучува граѓаните во носењето на одлуките и во решавање на приоритетните проблеми. Ваквите дебати ќе продолжат со секоја урбана заедница за најважните потреби и проблеми на граѓаните да бидат внесени во Буџет за 2020 година.
|