Настан „На секое дете му треба семејство“ |
Tuesday, 26 June 2018 06:48 | |||
There are no translations available.
„ Оваа кампања е добар показател за заложбите на Владата на Република Македонија да се обезбеди дом и семејство за секое дете на кое му е потребно, тоа можеме заеднички да го постигнеме преку многу инвестиции и поттикнување на вакви настани и дебати. Општините треба активно да се вклучат во заложбите на Владата и соодветните институции и да помогнат во реализирање на ваквите идеи. Општина Штип ќе се заложи за ширење и унапредување на оваа кампања која треба да даде многу позитивен бенефит, ќе се заложи за ширење на локалните мрежи на згрижувачи и преку локални мерки ќе го олесниме овој процес, што ќе даде многу подобар резултат. Во моментот на двеста деца помали од три години живеат одделно од своите родители и од своите семејства, живеат без родителска љубов и грижа во институциите кои се соодветни за ваквите дечиња. Оваа бројка во иднина мора да се намалува бидејќи децата се нашата иднина и сите подеднакво заслужуваат сигурен дом, многу љубов и родителска грижа. Прекрасно е чувството денеска да се биде на еден ваков настан организиран на отворено, каде секој граѓанин ќе може да ги слушне мислењата на претставниците од државните институции и да даде свои идеји и предлози со што ќе придонесе да се мобилизираат поголем број на згрижувачки семејства. Прекрасно е чувството кога се помага на најмладите, На настанот присуствуваа и претставник од Министерство за труд и социјална политика, Бенџамин Перкс од УНИЦЕФ и директорката на ЈУ МЦСР Штип, Сузана Цветкова.
|