Оддржана средба помеѓу градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, со амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Воутер Пламп |
Thursday, 11 January 2018 12:39 | |||
There are no translations available.
Во текот на средбата се разговараше за можностите и перспективите коишто Општина Штип ќе им ги обезбеди на младите, како и за предвидените проекти со коишто ќе се подобрат условите за живот на сите граѓани. Амбасадорот на Кралството Холандија ги поздрави напорите на новата локална власт да обезбеди рамноправност и инклузија за сите граѓани на општината, како и обезбедување позитивна економска клима за нови, но и за постоечките инвестиции, меѓу кои има и холандски фирми.
|