Претставен проектот „Предизвик за млади истражувачи“ во Општина Штип |
Wednesday, 20 December 2017 12:38 | |||
There are no translations available.
Поддршката и развојот на креативниот Согласно јавниот повик, научно-истражувачките проекти треба да бидат од областите на природните и техничките науки, а процесот на истражување треба да се основа на „научен метод“, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување, а предложените проекти треба да резултираат со видливи резултати и тие треба да се комплементарни на наставните програми и да соодветствуваат со когнитивните способности на возрасната група.
На Јавниот повик можат да се пријават сите основни и средни училишта од Република Македонија, при што секој натпреварувач треба да се пријави со натпреварувачки тим кој се состои од: еден до два наставника, како лидери на проектот и три до седум ученици. Предност имаат проектите со интердисциплинарен карактер, кои предвидуваат инклузивен пристап во формирањето на тимовите (имаат еднаква родова застапеност, вклучуваат деца со различна етничка припадност, деца со посебни потреби, деца од различни возрасти и слично) и се поднесени од училишта од рурални средини. Секој предлог-проект ќе биде оценуван од Комисијата за оценување и избор, составена од претставник на Фондот за иновации и технолошки развој, претставник на Министерството за образование и наука, претставник од Бирото за развој на образованието, претставник од партнер организација и до три експерта во областа на техничкото решение (технички науки, природни науки и друго).Пријавувањето на Предизвикот за млади научници трае до 15.02.2018 година.
|