На седница во Штип, конституиран новиот состав на Советот на градоначалници на ИПР |
Tuesday, 21 November 2017 12:37 | |||
There are no translations available. Денес во Општина Штип се оддржа седница на Советот на градоначалници при Источниот-плански регион. Едногласно, градоначалниците од 11 општини на истокот, з анов претседател на Советот на градоначалници го избраа градоначалникот на Кочани, Николчо Илиев: - Ветувам соработка и благодарам за укажаната доверба и шанса. Се надевам дека заеднички во следниот период ќе работиме напорно, да направиме нови проекти кои ќе значат напредок за сите наши општини - кажа по изборот, градоначалникот Илиев. Мандатот на Илиев ќе трае две години, а потоа со договор помеѓу сите 11 градоначалници е предвидено истата оваа функција да ја врши градоначалникот на Штип. Со седницата на која првично беа верификувани мандатите на градоначалниците раководеше градоначалникот на Штип, Благој Бочаврски кој на самиот старт им посака успешна работа на неговите колеги од регионот.На седницата присуствуваше и заменик министерот за локална самоуправа.
|