Присуство на деловна средба на компании од регионалната комора со седиште во Штип и Битола |
Wednesday, 28 March 2018 14:15 | |||
There are no translations available.
„Со моето присуство на оваа деловна средба помеѓу компаниите од регоналните комори во Штип и Битола, давам пример како градоначалник дека ја даваме својата поддршка на стопанските комори во развојот на бизнис секторот во овие два региона. Многу е важно освен тоа што нашите комори соработуваат со странски комори и претпријатија, да соработуваат и да се доближуваат меѓусебно за да имаат и сопствен бенефит, да вработуваат што е можно повеќе граѓани со сериозни и пристојни плати, но и ние политичарите да го даваме својот придонес, Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски имаше и поздравно обраќање пред присутните. На оваа средба присуствуваа и претседателот на регионалната комора во Штип, Наум Барзов и претседателот на регионалната комора во Битола, Мирко Велковски кои исто така имаа свои обраќања.
|