Средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние |
Thursday, 22 March 2018 15:03 | |||
There are no translations available.
„Чест ми е што ги примив амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние и пратеничката во француското собрание, Лилјана Тонги. Разменивме мислења во делот на целокупната слика на Република Македонија, пред се во делот на развојот на Општина Штип и тоа што го правиме во овие први неколку месеци откако. Го запознавме амбасадорот и пратеничката со сите крупни капитални проекти коишто ги започнавме. Добивме поддршка да продолжиме вака да работиме, заедно со граѓаните“ - изјави градоначалникот Бочварски. На оваа средба присуствуваше и пратеничката во француското собрание од владеачката партија во Франција, Лилјана Тонги. Оваа средба е една од низа средбите која покажува дека Општина Штип е отворена за секого и сака да учи од поголемите и поразвиени земји.
|