There are no translations available.
Денеска градоначалникот на Општина Штип ја отвори информативната сесија на објавениот втор јавен повик за прибирање предлог-проекти за ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.
„Програмата е навистина за поздравување и нуди одлични можности, како за Општините, така и за сите останати заинтересирани страни, образовни институции, здравствени установи, јавни претпријатија, невладини организации и останати организации кои нудат поддршка на бизнис секторот, заеднички да подготвуваат и реализираат проекти од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина, развојот на туризмот и подобрувањето на конкурентоста на регионалните бизниси,“ истакна градоначалникот Бочварски во неговото поздравно обраќање.
„Како Општина Штип аплицираме, активно учествуваме и соработуваме многу со бугарските општини. Имаме одлична соработка и надвор од овој проект со Општина Гоце Делчев. А, во делот на овој повик, ќе аплицираме со два проекти: целосна реконструкција на клон „Пчелка“ при градинката „Вера Циривири Трена“, при што целосно ќе ја замениме фасадата и начинот на загревање, со што ќе добиеме енергетски ефикасен објект; ќе аплицираме за уште еден проект за заштита од пожари за одобрување противпожарно возило и сета противпожарна опрема, за да ги заштитиме граѓаните од вакви непогоди,“ кажа во изјава за медиумите градоначалникот Бочварски.
Со општата цел на Програмата за зајакнување на прекуграничната соработка помеѓу институциите и населението во регионот ќе се обезбеди надминување и изнаоѓање адекватни решенија за заеднички приоритетни прашања.

--
|