Овозможување донација за ДСУ „Искра“ |
Wednesday, 07 February 2018 15:06 | |||
There are no translations available.
Донацијата е во противвредност од 92.000 денари, а според потребите на училиштето, храната ќе се доставува најдоцна до крајот на тековната учебна година. Помеѓу организацијата Hand Till Hand и Општина Штип е потпишан Меморандум за соработка со којшто ќе може заеднички да се аплицира за проекти кои ќе придонесат за интегрирање на лицата со посебни потреби во образовниот процес и нивна активна вклученост во секојдневните општествени активности, но и за проекти од други области, како и за организирање и спроведување хуманитарни активности и донации. Во продолжение следи изјавата на градоначалникот: - Денеска се наоѓаме во Сакам да изразам благодарност како градоначалник на Општина Штип што денеска тие донираат храна и прехранбени продукти за подобрување на оброкот во ова училиште. Тоа ќе трае од денеска па сѐ до крајот на учебната година и е во вредност од 92.000 денари. Сакам да се заблагодарам и да ги повикам сите хумани луѓе да дадат поддршка, придонес, заради тоа што хуманоста е многу важна. Ние ќе продолжиме да соработуваме, Општина Штип ги става своите капацитети на располагање и во иднина и ќе соработува со сите оние коишто сакаат да помогнат на нашата институција и во нашиот град.
|