Одбележување на ден на раѓање на Гоце Делчев |
Sunday, 04 February 2018 14:38 | |||
There are no translations available.
На чествувањето со поздравен говор се обрати градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски: - Денеска го чествуваме денот на раѓањето на револуционерот, патриот, неуморен борец за слободна Македонија, за подобро утре, идеологот на македонското движење, Гоце Делчев. Симболиката на нашето денешно чествување е голема, затоа што се наоѓаме на местото во коешто Делчев учителствувал, а на кое денес се наоѓа ректоратот на универзитетот што го носи неговото име. Стратегот на националноослободителното движење Гоце Делчев се залагал за еднакво општество за сите, а со сета своја револуционерна дејност и посветеност тој ги надмина тесните рамки на националната слобода и излезе со својот хуманизам и космополитизам. Гоце бил човек кој не знаел за национализам, шовинизам и слични зла. Тој е човек од кого можеме многу да научиме. Го следиме неговиот пример и градиме општество за сите во кое културите ќе соработуваат, ќе се надополнуваат и меѓусебно ќе се збогатуваат.
|