Мултимедијален центар „Киро Глигоров“ |
Thursday, 25 January 2018 15:11 | |||
There are no translations available.
Оваа одлука ќе биде ставена Во мултимедијалниот центар што ќе го носи името на нашиот прв претседател ќе отвориме и спомен соба на Киро Глигоров, во којашто ќе бидат изложени книги на претседателот, негови публикации, неговото пијано и останати лични предмети, коишто неговото семејство ги подари на Општина Штип. Нашата институција ја презема одговорноста да води грижа и за предметите коишто некогаш биле во лична сопственост на претседателот Киро Глигоров, но и за зачувувањето од заборав на неговите големи достигнувања и за да му го обезбедиме вистинското место во историјата на нашата земја.
Општина Штип ќе преземе поголема грижа за културно-историското наследство, особено за оставштината од најсветлиот период во историјата на македонскиот народ – Народноослободителната борба од 1941 до 1945 година. Тоа е период кога Македонците се приклучија на антифашистичката борба и сами и самосвесно се изборија за слобода и сувереност. Тие нивната војна ја извојуваа, ја добија заради нив, ама и заради нас. Нам ни останува обврската да ја одбраниме и сочуваме нивната оставштина.
|