Home Еднакви можности Средба на градоначалникот на Општина Штип со членовите на двата мултисекторски тима на заедниците за заштита од родово базирано насилство на општините Штип и Струмица
Средба на градоначалникот на Општина Штип со членовите на двата мултисекторски тима на заедниците за заштита од родово базирано насилство на општините Штип и Струмица
Tuesday, 17 December 2019 12:17
There are no translations available.

MultisektorskiTim-01На 16 декември 2019 во простриите на Општина Штип се одржа средба на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски со претставници на Мултисекторските тимови на заедницата на општините Штип и Струмица. Овие тимови беа формирани во 2017 година, а целта на нивното создавање беше да се направи еден поорганизиран и координиран пристап во решавањето на проблемот со родово базираното насилство во општините.

По одржаната обука за изготвување на Акциски планови на двата има која се одржа од 21 до 23 октомври во Охрид, беше донесен заклучок дека двата тима треба да побараат поддршка од едениците на локалната самоуправа, претставувајќи ги своите активности пред градоначалниците. Во таа насока, најпрво се одржа средба со градоначалникот на Општина Струмица, а следна беше и средбата со градоначалникот Благој Бочварски.

На средбата претседателката на ЕХО Бети Пеева го потсети градоначалникот дека е склучен Меморандум за соработка помеѓу општината и НВО ЕХО и дека со создавањето на Мултисекторскиот тим на заедницата се воспостави механизам на повеќе институции кои ќе делуваат организирано во решавање на проблемите со родово базираното насилство.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изрази спремност за соработка со Општина Струмица и истакна дека во иднина општината ќе ги финансира во рамки на своите можности активностите кои ќе резултираат со решавање и помагање во случаите со семејното насилство.

MultisektorskiTim-02

На состанокот присуствуваше и претседателот на Советот на општина Штип Јане Миланов, кој истакна дека финансирањето на здруженијата на граѓани се врши врз основа на правилник на општината кој е застарен и е донесен во 2009 година, со скромни суми. Затоа финансирањето ќе се врши врз основа на програми како што се Прогарамата за еднакви можности и Програмата за детска и социјална заштита.

Координаторката за еднакви можности Снежана Санева истакна дека и минатата година општината имаше предвидено во Годишната програма за еднакви можности финансиска помош за изготвување на Акциски план за борба против родово базирано насилство, во износ од 30.000 денари. Таа истакна дека во годинешнава програма за 2020 година, се предвидени средства во износ од 100.000 денари за помош на жртвите од родово базирано насилство. Истите треба да бидат од помош за сместување на жртвите, затоа што тоа е најсериозниот проблем со кој се соочуваат во првите моменти.

 

 

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

November 2024
M T W T F S S
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize