Одржана обука за заштита од дискриминација |
Thursday, 24 October 2019 08:01 | |||
There are no translations available.
Како претставници од Локалното координативно тело од Општина Штип беа координаторката на телото Снежана санева и претставничката на НВО Цивитас, Павлина Николовска.Снежана Санева на почетокот на работилницата на присутните преку презентација им ги претстави составот и работата на Локалното координативно тело за заштита од дискриминација на Општина Штип. Во текот на обуката беа обработувани следните теми: - Нов Закон за спречување и заштита од дискриминација: разликите со претходниот закон, придобивки и можности за делување.Унапредување на анти-дискриминационото законодавство. - Дискриминација врз основа на род, родов идетитет и сексуална ориентација. Унапредување на законската рамка за правата на жените и ЛГБТИ луѓето. Човековите права и парадите на гордоста. Истанбулска конвенција и заштитата на правата на жените и ЛГБТИ луѓето. - Прекршување на правана на луѓето што употребуваат дроги. Дискриминација врз основа на здравствен статус. Декриминализација на употребата на дроги како модел заснован на човекови права. - Дискриминација и други прекршувања на правата на сексуалните работници. Случаи и најдобри практики. Модели за регулација на сексуалната работа и нивната комплементарност со човековите права. - Дискриминација врз основа на етничка и расна припадност. Дискриминација кон Роми. Интерсекциска дискриминација кон Ромки. Најчести прекршувања на права и сегрегација. - Дискриминација кон луѓето со попреченост. Дискриминација во здравството и сегрегација во образованието. Во завршниот дел се реализираше Работилница за следни чекори и активности на локалните координативни тела за заштита од дискриминација, односно изготвување на нови Акциски планови за заштита од дискриминација во трите општини за 2020 година.
|