Home Еднакви можности Одржана десеттата седница на Собраниската Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
Одржана десеттата седница на Собраниската Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
Monday, 16 September 2019 09:38
There are no translations available.

Одржана десеттата седница на Собраниската Комисијата за еднакви можности на жените и мажите На 12 септември 2019 година година се одржа 10 –та седница на Комисијата за еднакви можности жените и мажите на Република Северна Македонија. На седницата се оджа јавна расправа на тема Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2018 година.

Покрај членовите и замениците членови на Комисијата на јавната расправа поканети беа сите пратеници на Собранието на Република Северна Македонија, Министeрката за труд и социјална политика, координаторките за еднакви можности на министерствата, локалните комисии за еднакви можности (претседателки и координаторки), градоначалниците, претставници на Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, Државниот завод за статистика, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, Агенцијата за вработување на РСМ, ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, Заедница на Единиците на Локалната Самоуправа на РСМ - ЗЕЛС, канцеларијата на Националниот механизам на жртви на трговија со луѓе при МТСП, Институтот за родови студии, потоа претставници на меѓународните организации, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women), ОБСЕ, НДИ, ИРИ, ИОМ, претставници на НВО секторот од оваа област, експерти, како и претставници на Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

Од општина Штип беа присутни координаторката за еднакви можности, Снежана Санева и претседателката на Комисијата за еднакви можности при советот на Општина Штип, Бети Тасевска.

На јавната расправа свое излагање имаа претставници на Министерств за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, претставници од невладиниот сектор. На расправата немаше претставници од Министерството за здравство и Министерството за образование.

Излагачите ги нотираа состојбите во своите институции. На крај беа донесени следниве заклучоци:

Во рамки на своите надлежности, Министерството за труд и социјалнаполитика ќе организира Тренинг центар во кој ќе се спроведат обуки на претставници од сите институции на тема родова еднаквост.

До МТСП, Сектор за еднакви можности да се доставуваат унифицирани извештаи од сите министерства за состојбата на планот на родовата еднаквост.

Да се зголеми финансирањето на жените претприемачи

Да се изготви предлог за зголемување на квота на жени на пратенички листи

Да се изготви подазконски акт за заштита на девојчиња( ученички), жртви на родово базирано насилство.

Претставничките на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите да излезат на терен и да ги утврдат условите во кои работат и во кои престојуваат работничките во текстилните фабрики и жените кои се на отслужување на казните во казнено поправните установи.

Да се организира надзорна расправа, а не само јавна расправа на собранистака КЕМ, најдоцна за 2 до 3 недели.

Од општина Штип беа присутни координаторката за еднакви можности, Снежана Санева и претседателката на Комисијата за еднакви можности при советот на Општина Штип, Бети Тасевска.

Во Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2018 година, Општина Штип е една од седумте општини во кои се нотирани активности во текот на 2017 година и стои следново:

„Општина Штип во текот на 2018 година организираше Локална кампања за борба против дискриминација со цел охрабрување на граѓаните да пријават дискриминација по било кој основ. За истата цел се емитуваа два спота за заштита од дискриминација на локалните телевизии. Општината спроведе едукација и го провери знаењето на учениците во средните училишта за сексуално преносливите болести и превенција од истите со очигледен зголемен процент на точни одговори од првото до второто анкетирање на учениците“.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

December 2024
M T W T F S S
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize