Home Еднакви можности Одржана втора работилница за изработка на Стратегијата за унапредување на родовата рамноправност на Општина Штип 2019-2023
Одржана втора работилница за изработка на Стратегијата за унапредување на родовата рамноправност на Општина Штип 2019-2023
Monday, 08 October 2018 11:09
There are no translations available.

StrategijaRR-2Rab-01Втората работилница за изработка на Стратегијата за унапредување на родовата рамноправност на Општина Штип 2019-2023 беше одржа на 24 и 25 септември во Берово. Истата започна со дополнување на SWOT анализата, која претходно беше изготвена на првата работилница, одржана на 17 септември во општината. Работилницата беше финансиски поддржана од телото на Обединетите нации за жени UN Women, а беше водена од Кристина Хаџи Василева, ангажиран консултан од UN Women, извршен директор на Консалтинг за стратешки разво и Боби Шарковски, претставник на Фондацијата за развој на локалната заедница.

Учесници беа претставниците од неколку институции: АВРМ, ЦСР, Здравствен дом Штип, претставници на здруженија на граѓани како НВО Черења, Здружението на текстилните и кожарските работници „Гласен текстилец" како и претставници од општинстката администерација. Тие беа поделени во две групи и имаа задача да ги дополнат добрите страни и слабостите за родовата рамноправност.
Следен чекор беше избор и (или) дополнување на еден од предлозите за визија и мисија на Стратегијата кои беа предложени.Беше нагласено дека визијата треба да ги одразува вредностите, да опише КАДЕ сакаме да стигнеме.
Така, присутните се сложија со StrategijaRR-2Rab-02претходно дадениот предлог на една од групите визијата да гласи : „Град во кој мажите и жените се еднакво вреднувани и почитувани во зедницата со еднакви можности за развој на личните способности. Градот е место за целосна физичка, психичка и социјална благосостојба на сите граѓани.
Во врска со Мисијата како дел од стратегијата, треба да се дефинира „патот " како ќе стигнеме до целта, односно КАКО ќе ја оствариме визијата. Треба да биде кратка и моќна.
стратешки, специфични, мерливи, насочени кон акција,реални (остварливи) и временски ограничени
Области кои треба да бидат опфатени со Стратегијата за унапредување на родовата рамноправност на Општина Штип:
1. Образование
2. Социјална заштита
3. Здравство
4. Економија, вработување, претприемнииштво
5. Спорт
6. Култура
7. Родово базирано насилство
8. Општински услуги.
Учесниците во текот на преостанатиот дел од работилницата поделени во две групи, работеа поединечно на секоја од областите, давајќи свои предлози како и што да се преземе, какви активности од страна на општината, со цел подобрување на состојбите во овие области во нашиот град, од аспект на родовата рамноправност.
На крајот на работилницата се донесе заклучок дека беа дадени конструктиви корисни и конкретни предлози кои ќе бидат дел од Стратегијата.
Во наредниот период консултантите ќе направат драфт верзија на Стратегијата, со обврска на координаторот за еднакви можности да им достави статистички податоци .
По изготвување на драфт верзијата на Стратегијата, истата ќе биде изложена и на веб страната на Општина Штип, со отворен повик до граѓаните за давање на предлози и дополнување на истата. По изминување на периодот за предлози и сугестии, ќе се направи конечната верзија, по што ќе следува доставување на истата, прво до градоначалникот, а потоа и до КЕМ и до Советот на Општина Штип. Советот ќе треба да ја усвои, а по усвојувањето понатаму ќе се продолжи со изготвување на Годишен акциски план за наредната 2019 година и со реализирање на активности кои ќе произлезат од Стратегијата за унапредување на родовата рамноправност на Општина Штип 2019-2023 година.  

 

 StrategijaRR-2Rab-03StrategijaRR-2Rab-04

StrategijaRR-2Rab-05StrategijaRR-2Rab-06

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

November 2024
M T W T F S S
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize