Home Еднакви можности Одржана работилница за Истанбулската конвенција
Одржана работилница за Истанбулската конвенција
Wednesday, 11 April 2018 11:06
There are no translations available.

Istanbulska konvencija-1Од 26 до 28 март 2018 година во Берово се одржа работилница на тема: „Истабулската конвенција и пакет на есенцијални услуги за жени жртви на насилство - Значење, предизвици и препораки за имплементација“.

Работилницата беше наменета за јакнење на капацитетите на новоформираните мултисекторски тимови на заедниците .

Истата е дел од активностите на проектотIstanbulska konvencija-2 „ Примена на модел за интегративен пристап на пакетот на есенцијални услуги за жени и девојки – жртви на насилство“ во рамки на регионалната програма на телото на ОН за родова рамноправност и зајакнување на жените – UN Women, „ Спречување на насилството врз жените во земјите на Западен Балкан и Турција : спроведување на норми, промена на ставови“ , финансирана од Европската Унија.

Проектот го спроведува ЕХО - Штип, како имплементирачки партнер на UN Women, во соработка со партнерските организации: Организација на жени – Струмица и Македонско здружение на млади правници – Скопје.

Istanbulska konvencija-3Мултисекторскиот тим го сочинуваат претставници од повеќе институции. Од Штип и Струмица. Претставници од Штип се: Бети Пеева – ЕХО, Благица Киров – ЕХО, Христина Начева - ЕХО (како имплементатори и координатори на проектот); Снежана Санева - координатор за еднакви можности и Милкица Санева – шеф на кабинет - претставнички   од Општина Штип; Тања Кацарова, Ристо Бојаџиски и Јелена Догазанска Колева - претставници од Основно јавно обвинителство Штип; Марија Николова и Зорица Богданова - претставнички од Јавна установа меѓуопштински центар за социјални работи – Штип,; Павлина Николовска , педагог – претставник на Јавна здравствена Istanbulska konvencija-4установа Здравствен дом „Панче Караѓозов“ – Штип; Цвета Давиткова , социјален работник - претставник на Јавна здравствена установа Клиничка болница - Штип; Драган Данев, командир на Полициска станица – Штип; Ирена Зафирова, инспектор во Одделение за превенција - СВР Штип; Ѓорги Андонов, судија - Основен суд Штип, Стојан Михов, судија - Основен суд – Штип.

На почетокот од работилницата беше презентирана Истанбулската конвенција, нејзиното значење и поимите како и предизвиците за нејзиното имплементирање. Истанбулската конвенција во Република Македонија е ратификувана на 29 декември 2017 година, а ќе стапи на сила од 1 јуни 2018 година. Во продолжение беа разработени три модули со кои ќе се вклучат релевантните институции во имплементација на конвенцијата и тоа: Модул Правда и правно уредување, Модул: Здравство, Модул: Социјални услуги.

Во наредниот период ќе следат дополнителни обуки за мултисекторските тимови како и доплонување на истите со членови од други засегнати институции.

 Istanbulska konvencija-5Istanbulska konvencija-6

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

December 2024
M T W T F S S
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize