Home Announcements Реакција на денешното обраќање на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип
Реакција на денешното обраќање на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип
Tuesday, 09 July 2019 14:13
There are no translations available.

Izjava-09072019Општина Штип заедно со Владата влегува во процес на изградба на најзначајниот и најпосакуван објект за штипјани, БРАНА НА РЕКАТА ОТИЊА.

Браната за Општина Штип и за граѓаните е многу значајна и таа носи економски развој на градот во наредните 15, 20 па и повеќе години.

Носи трајно добро за денешните и идните генерации и е многу значајна заради тоа што многу претходни генерации во изминатите 35 години не успевале да најдат начини, можности, средства, политичка воља да изработат проекти за да се изгради ова вештачко езеро во близината на градот.

Оваа брана ќе го развие спортот, рекреацијата, наводнувањето на зелените површини, земјоделско земјиште, ќе го заштити градот од поплави, а во иднина може и да произведува електрична енергија.

Не можам да ја разберам паниката и стравот кај ВМРО-ДПМНЕ во овие денови откако заедно со Претседателот на Владата, Зоран Заев ја најавивме изградбата на најзначајниот проект за градот.

Оттука кај мене се поставува прашањето, дали ВМРО-ДПМНЕ е против изградба на Брана на реката Отиња имајќи во предвид дека во изминатите 8 години ниту ја третираа како прашање, ниту ја проектираа, ниту пак ја ветија на последните локални избори дека ќе ја реализираат.

Токму овде е големата и суштинска разлика помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Тие освен што во нивните мандати се занимаваа со асфалтирање на 2 сантиметри асфалт, сечење ленти и правење спектакли од пуштање на чешми, мини мостчиња во коритото на река Отиња, од фонтани правење жардињери и слично, немаа визија за идниот развој на Штип.

Тие „цртежи“ за коишто зборуваат се неопходната техничка документација за изградба на Браната, исто така и за изградба на Спортско-рекреативен центар Суитлак и за изградба на гасификација.

Штип единствениот град кој во време на ВМРО-ДПМНЕ формирал јавно претпријатие за гасификација во 2012 година, а на крајот на 2017 година сеуште немаше започнат основен проект за гасификација на Штип.

Затоа оваа локална власт работи на проект за гасификација, проект за градски стадион, проект за СРЦ Суитлак, проект за Брана на реката Отиња, проект за обиколницата и многу други проекти за растот и развојот на Штип.

Затоа ќе треба уште многу време за да сфатите дека без техничка документација или по вас „цртежи“ нема развој, нема инвестиции и нема напредок.

За потсетување за само една и пол година оваа локална власт досега изгради паркинг платформа во централното градско подрачје, изгради целосно нов кружен тек кој е дел од обиколицата кај населба Пребег, градиме нова детска градинка во населба Сењак во вредност од речиси 1 милион евра, а инвестиравме и во градинката во Осми Ноември, Автокомадна и во централната градинка Астибо. Инвестиравме во сите основни школи. Изградивме повеќе канализации и водоводи за една и пол година од колку ВМРО-ДПМНЕ во целиот мандат, го градиме водоводот во населба Балканска и ја намаливме цената на водата за пиење за 10%.

Почитувани сограѓани,

Разликата помеѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ е огромна. Браната ќе ја изградиме ние, а ќе ја користат сите граѓани и денешните генерации и оние коишто доаѓаат после нас.

Јас како градоначалник очекувам заедно да се радуваме и да ги поздравуваме успесите на Штип.

Од опозицијата очекувам, идеи и предлози за доброто на нашиот град, но и доколку ги нема јас и Општина Штип ќе продолжиме вредно и посветено да работиме на подобрување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.

Ви благодарам !

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

December 2024
M T W T F S S
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize