Одговор на прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип |
Monday, 20 May 2019 13:37 | |||
There are no translations available. Опозициските челници, за жал, не сакаат да се радуваат на развојот и успесите што ги доживува Штип, па попусто се шетаат во Скопје за злонамерно го оцрнуваат нашиот град во очите на државата и регионот. на реката Отиња. Како што и самите знаете, после пробивањето на сите рокови плоштадот остана без фонтана, а од платформите граѓаните видоа само неколку столбови. Од ВМРО-ДПМНЕ наследив куп проблеми. Проблемот со започнатиот Пензионерски дом, проблемот со празна каса која ја затекнав, проблем со голем број судски пресуди коишто сеуште го оптеретуваат општинскиот буџет. Граѓаните точно знаат за што се користат нивните пари. Сите тендери и јавни набавки од Општина Штип се спроведени строго според законските одредби. Фирмите за кои зборува опозицијата, а се во сопственост на моето потесно и пошироко семејство, ниту имаат учествувано ниту имаат добиено јавна набавка од Општина Штип, кадешто јас сум потписник. За време на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се работеше слабо и неквалитетно, со козметички трикови за краткорочно санирање на одредени инфраструктурни проблеми. Почитувани граѓани, Ваше е да оцените која власт ви ги покачи вашите трошоци, а која власт ги враќа парите назад кај вас.
Работиме на концепт за изградба на СРЦ „Суитлак“ преку јавно приватно партнерство. Се извршија реконструкции во останатите детски градинки. Се вршеа реконструкции во сите основни училишта, а најголемата е во ООУ„Тошо Арсов“ со што го решаваме најголемиот проблем во ова основно училиште. Јавно ги прашувам од опозицијата, ако знаеме дека браната на река Отиња е врвен и најважен проект, што направија во текот на нивните 8 години за изградба на оваа брана? Јас ви тврдам дека не направија ништо, ниту имаа намера да прават, а тие со факти нека ме дематираат.
Ако ВМРО-ДПМНЕ имаше капацитет и знаеше ќе го завршеше овој проект. Штип е препознаен како град кој напредува и од Европската унија, па затоа не случајно ја имавме можност да бидеме посетени од страна на еврокомесарот Јоханес Хан. Истото го потврдија и останатите развиени земји членки на Европската унија и САД кои ни ја даваат нивната поддршка. Почитувани_сограѓани, Успесите и развојот кои Штип ги доживува не се случајни. Тие се резултат на вредна и макотрпна работа која ми претставува чест да ја извршувам секојдневно. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е партија без идеја за развој на градот. Тие се единствените кои не го гледаат или не сакаат да го видат развојот на нашиот град. Граѓаните се сведоци дека во Штип, едни се занимаваат со проекти и многу работа за брз развој на градот, а другите каскаат далеку позади нас и се занимаваат единствено со неосновани и неиздржани напади и навреди. Тоа отсекогаш било и ќе биде многу важна разлика помеѓу нас и нив.
Почитувани граѓани Со или без поддршка од опозицијата, јас и локалната самоуправа продолжуваме заедно напред со вас граѓаните. Штип ќе продолжи да расте и да се развива во правилна насока, а интересите на граѓаните ќе продолжат да бидат врвен приоритет за локалната власт којашто ја предводам.
|