честитка по повод Националниот ден на Власите до припадниците на влашката заедница |
Wednesday, 23 May 2018 11:45 | |||
There are no translations available. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска, по повод Националниот ден на Власите упати честитка до сите припадници на влашката заедница, во која се вели: „Дозволете ми во лично име и од името на Општина Штип, по повод Националниот ден на Власите – 23 мај, на сите припадници на влашката заедница да им го честитам овој голем ден, со искрени желби за успешно промовирање и негување на влашката култура и традиција во Република Македонија. Власите имаат значаен придонес во градењето на македонската држава и во негувањето на различностите и меѓуетничката толеранција во нашето општество преку промовирањето на сопствените културни вредности. Со заедничкиот стремеж за унапредување на меѓусебните односи даваме пример и праќаме порака за почитување и соживот, за едно општество за сите. Со искрени желби за добро здравје, меѓусебно почитување и разбирање, им посакувам мир и општа благосостојба на сите граѓани на Република Македонија,“ стои во честитката на градоначалникот Бочварски.
|