Честитка по повод католичкиот Велигден |
Friday, 30 March 2018 15:07 | |||
There are no translations available. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски упатува искрени честитки по повод католичкиот Велигден на сите граѓани од католичка вероисповед: „Упатувам искрена честитка, во мое име и во име на Општина Штип до граѓаните на Општина Штип кои го чествуваат католичкиот Велигден. Ова е период кога сите заедно, без разлика на нашиот етникум и нашата националност треба да бидеме сплотени и исправени пред предизвиците кои не очекуваат и како граѓани и како држава. Силно верувам дека концептот едно општество за сите е најдобриот концепт којшто можеме да го понудиме на граѓаните и дека секој еднакво може да придонесе за развој на истиот, без разлика на неговите лични верувања. Големите празници носат и голема духовната сила, потребна на секој кој се определил за патот на доброто. Ви пожелувам сите празнични денови да ги поминете во личен и семеен мир. Нека е честит Велигден“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.
|