Честитка по повод Осми март – меѓународен ден на жената |
Wednesday, 07 March 2018 15:16 | |||
There are no translations available. Почитувани, Во име на Општина Штип и во мое лично име ви го честитам Осми март, меѓународниот ден на жената, на сите вас. Осми март е меѓународен ден на храбрите и одлучните жени кои ја започнале битката за правда. Таа битка продолжувате да ја водите вие, храбрите и одлучни жени и денес во нашата земја. Денес вие, со одлучност, храброст, посветеност и мудрост чекорите кон подобро и еднакво општество за сите. Тоа е наша заедничка битка за правда што нè води кон промените што ги започнавме. Во мое и во име на Општина Штип, сакам да ви се заблагодарам што се борите за сите нас, за едно подобро и попросперитетно општество за сите.
Благој Бочварски Градоначалник на Општина Штип
|