Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Започни бизнис УПИС НА ТРГОВЕЦ-ПОЕДИНЕЦ
УПИС НА ТРГОВЕЦ-ПОЕДИНЕЦ

centralen-registar1. УПИС ВО ТРГОВСКИ РЕГИСТАР

Пријава за упис на трговец-поединец во трговскиот регистар поднесува физичкото лице, кое бара да биде запишано како трговец-поединец или негов полномошник со посебно полномошно во коешто се наведуваат податоците што се запишуваат во трговскиот регистар.

2. ПОДАТОЦИ

Во пријавата за упис се наведуваат:

1) името и презимето, единствениот матичен број на граѓанинот (во натамошниот текст: ЕМБГ) и местото на живеење;

2) фирмата под којашто ќе се врши дејноста;

3) седиштето од каде што ќе се врши дејноста и

4) предметот на работење.

3. ПРИЛОЗИ

Кон пријавата за упис се приложуваат:

1) заверен потпис на трговецот-поединец кај нотар;

2) изјава од физичкото лице дека не му е изречена забрана да врши некоја од дејностите определени со овој закон и

3) изјава од физичкото лице дека уредно ги платил даночните обврски и придонесите за пензиско, инвалидско и здравствено осигурување, односно дека, во согласност со членот 29 од ЗТД, не постои пречка да стекне својство на трговец-поединец.

4) Едно физичко лице запишано како трговец-поединец не може, истовремено, по која било основа, да биде запишано како трговец-поединец под друга фирма.

4. ОГРАНИЧУВАЊА

Физичко лице не може да биде регистрирано како трговец-поединец кога:

1) над него е отворена стечајна постапка;

2) за кое, со правосилна одлука на судот, е утврдено дека со умисла предизвикало стечај, поради што доверителите не можеле да ги наплатат своите побарувања додека трае забраната за вршење на дејноста утврдена со одлуката на судот и

3) на кое надлежен орган, врз основа на закон, му забранил да врши некоја од дејностите определени со овој закон, додека трае забраната.

5. ПРЕНОС НА ФИРМА

Пренесувањето на фирмата се запишува во трговскиот регистар.

Прилози

Кон пријавата за упис на пренесување на фирмата се приложува:

1) договор за пренос на фирмата-заверен кај нотар и

2) доказ дека сите доверители се согласиле со пренесувањето на фирмата, освен ако , ниту еден доверител со поднесок пред судот не се спротивставил на преносот на фирмата.

6. ПРИЈАВА ЗА БРИШЕЊЕ НА УПИСОТ

Трговецот-поединец поднесува пријава за бришење на уписот на трговецот -поединец во трговскиот регистар.

Прилози

1) изјава за престанувањето на трговецот-поединец;

2) доказ дека сметката на трговецот-поединец е затворена и

3) доказ дека трговецот-поединец уредно ги платил даночните обврски и придонесите за пензиско, инвалидско, здравствено осигурување и придонесот за вработување.

(3) Својството на трговец-поединец престанува со бришењето на уписот на трговецот-поединец во трговскиот регистар.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2024
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize