Предлог планска програма - УП за с. Три чешми |
Среда, 24 Ноември 2021 11:37 | |||
Врз основа на член 21 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32 од Септември 2020год) изработена е ПРЕДЛОГ ПЛАНСКА ПРОГРАМА за изработка на ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ТРИ ЧЕШМИ, КО ТРИ ЧЕШМИ, ОПШТИНА ШТИП /разработка на блок 4/ Планскиот опфат за изработка на планската документација е прикажан на графичките прилози кои се во прилог на планската програма и е формиран по граници на катастерски парцели, осовина на железничка пруга и осовина на локален пат за "Ежово поле" или поконкретно : - од север опфатот е дефиниран по КП 45/13 и КП 45/4 - од исток опфатот е дефиниран по осовина на железничка пруга - од југ опфатот е дефиниран по КП 364/2, КП 100/3, КП 100/4, КП 265/1, КП 595/2, КП 261 КП 260, КП 259, КП 258, КП 251/1, КП 244, КП 243, КП 242, КП 367, КП 368 - од запад опфатот е дефиниран по КП 167/2, КП 166, КП 165/1 КП 162, КП 159, КП 158, КП 157, КП 150, продолжува по западна граница на КП 418/1, КП 407 и КП 406 го пресекува Магистралниот пат М6 Регионалниот пат 526, и породолжува по осовина на локален пат " Ежово поле" се до почетна точка на КП 45/13.
Површината која ја опфаќа опишаната граница на прелиминарниот плански опфат изнесува 65,71 ха
Планската документација треба да се изработи во размер М=1:1000
|