Одделението за урбанизам, градежништво, станбени работи и заштита на животната средина ги врши следните работи:
- спроведување на планската документација;
- стручно следење на степенот на реализација на урбанистичките планови и покренување иницијативи за нивно изменување и дополнување;
- издавање на одобренија за градба на објекти од локално значење утврдени со закон;
- ги следи и планира потребите за домување на подрачјето на Општина Штип, согласно Законот за домување;
- предлага годишна програма и превзема мерки и активности за нејзина реализација, во согласност на Законот за домување;
- донесува мерки за спречување од загадување на животната средина и просторот;
- води постапка за издавање на интегрирани дозволи и спроведување на законите од областа на животната средина;
- врши и други работи кои ќе му бидат доверени во негова надлежност.
|