Демант на прес-конференција на ВМРО ДПМНЕ |
Среда, 17 Февруари 2021 15:54 | |||
Она што беше ветено од страна на општината за обезбедување на документација за гасификација е целосно реализирано односно обезбедена е целата планска документација врз чија основа треба да започне и реализацијата на овој значаен проект. За нивна информација, само оваа година извршена е целосна промена на кровот на училиштето Тошо Арсов и ЕМУЦ, а во наредниот месец ќе се започне со промена на кровот на училиштето Гоце Делчев. Исто така на овие училишни објекти се поставени енергетски ефикасни фасади, а истата ќе биде поставена и на училиштето Гоце Делчев. За нив беше научна фантастика вложувањето во образовните објекти, поставување на лед осветлување, обезбедување на планска документација за гасификација и слични вакви проекти кои се во интерес на граѓаните. Затоа им порачуваме во наредниот период да се соочат со вистината колку и да боли, дека СДСМ она што го ветува и го реализира. Ќе продолжиме и понатаму да ја реализираме нашата програма ветена пред граѓаните, да реализираме проекти и Штип да биде развиен и модерен град
|