Писмена реакција на прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип |
Вторник, 29 Декември 2020 16:49 | |||
ВМРО ДПМНЕ никако да сфатат дека едноставно постојат работи кои се над личните и партиските интереси, а тоа е грижата за граѓаните, за градот. Како човек целосно реализиран во мојата професија како доктор, и како човек кој како градоначалник апсолутно се посветува на потребите и барањата на штипјани, сметам дека е под секое ниво енергијата да се троши на евтини обиди за политизирање на локалните прашања. Штип и штипјани заслужуваат многу повеќе од водење на дневно празна партиска политика, посебно за работи кои се клучни за развојот на градот.
|