Писмена реакција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Штип |
Понеделник, 03 Февруари 2020 14:53 | |||||||||||||||
ВМРО-ДПМНЕ ги користи младите за неосновани прес конференции се со цел замајување на јавноста. Партијата којашто 8 години беше локална и 10 години централна власт и парите наместо во нови зелени површини ги инвестираше во споменици и барокни фасади денес се обидува да ја фрли црна дамка на фактот, дека Штип е еден од најчистите градови во државата. Општина Штип ја информира јавноста дека согласно измерените вредности и направени пресметки, исклучиво за валидните податоци за Штип се добиени следните податоци
Овој податок според релевантен извор кој го вршел мерењето на концентрацијата на цврсти честички во Штип, покажува дека од дозволени 35 денови на надминување на големината на честичките во воздухот, во Штип надминувањата се само 18 денови и тоа е факт дека Штип е еден од најчистите градови во државата. Општина Штип инвестираше во подобрувањето на капацитетите на возните паркови во јавните претпријатија за одржување и подобрување на хигиената во градот. Набавени се две машини за потребите на ЈП „Исар“ и возило за чистење снег за потребите на ЈП „Стипион 2011“.
|