Писмена реакција на денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип |
Понеделник, 02 Септември 2019 14:36 | |||
Општина Штип го промени сообраќајниот режим на барање на граѓаните од населба Кадидаре, за да се растерети метежот во централното градско подрачје. Во изминатите неколку месеци се покажа дека со ова сообраќајно решение во одредени делови од денот има подобрување, но во ударните термини се прави застој пред неколку институции во овој дел од градот. За разлика од вас и од вашето владеење кога воопшто не ве интерсираше што мислат граѓаните и кои се нивните потреби, оваа локална власт го слуша гласот на народот и на стручната фела и работи единствено во негов интерес. Да ве потсетиме дека во строгиот центар на градот, изградивме паркинг платформа која вие не можевте да ја изградите, а која ги дава своите позитивни резултати. ВМРО-ДПМНЕ може само да учи како досега се решаваа, но како и отсега ќе се решаваат проблемите на граѓаните.
|