Писмена реакција на денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип |
Среда, 22 Мај 2019 14:04 | |||
ЈП „Исар“ редовно спроведува чистење на сите локации во градот. Имено, само во текот на оваа недела се преземаат низа активности за чистење на урбаните заедници. Активностите започнаа во населба Осми Ноември, населба Пребег, носење на јавно прометни површини, метење и расчистување депонии. Денеска екипите на ЈП „Исар“ го исчистија сметот од изворот Л’џи. Апелираме до граѓаните и тие да се грижат за јавниот простор, да не го загадуваат, за така заедно да придонесеме кон добивање подобра и поквалитетна средина во која сите заедно живееме.
|