Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Соопштенија Писмена реакција на прес конференција на советник во Совет на Општина Штип
Писмена реакција на прес конференција на советник во Совет на Општина Штип
Среда, 21 Ноември 2018 15:36

Општина Штип го решава проблемот со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје, за разлика од претходната локална власт која беше нем набљудувач на состојбите во сообраќајот.

Покрај изградбата на паркинг платформа која обезбедува 40 паркинг места и редовните контроли на ЈП „Стипион 2011“ во координација со МВР кои предвидуваат санкции за оние непрописно паркирани автомобили, ја информираме јавноста дека Совет на Општина Штип ќе одлучува само за неколку ставки кои се проблематични.

Општина Штип ги информира граѓаните дека, месечниот и годишниот билет на станарите во централното градско подрачје останува непроменет.

Дневниот билет го враќаме на поранешната цена и ќе биде 80 денари, како споредба во општина Куманово истиот изнесува 120 денари.

За лица вработени во правни субјекти со седиште во централното градско подрачје цената претходно била 600 денари, а поради популистички цели во предизборен период била намалена на нереални 160 денари. Со новиот правилник оваа цена ќе изнесува 400 денари. Како за споредба истата во општина Струмица изнесува 2880 денари.

Со оваа одлука очекуваме да се подобрат условите во делот на паркирање во централното градско подрачје.

Ја повикуваме опозициската партија да не собира ситни политички поени на теми поради кои во минатото направила вистински метеж во градот.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Декември 2024
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize