Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Соопштенија Писмена реакција на прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип
Писмена реакција на прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип
Среда, 28 Февруари 2018 15:08

Почитувани,

Општина Штип со индигнација ги отфрла неоснованите обвинувања од ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип и нивните недостоинствени ниски обиди да манипулираат со маката на децата со посебности и нивните родители.

Општина Штип излегува во пресрет на сите свои граѓани секогаш во рамки на овластувањата и секогаш согласно законите.

Потенцираме дека не постои законска форма за подарување земјиште. Доколку доктор Миташев сака да им помогне на оваа категорија граѓани, има две можности:

  1. Може да им ја даде парцелата на користење, но истата согласно Законот за градежно земјиште ќе остане во негова сопственост сѐ до изградба на целиот објект предвиден согласно ДУП, а потоа може да им ја подари.
  2. Д-р Миташев може да ја врати парцелата на РМ, а потоа истата може да биде предмет на јавно наддавање.

Сето ова детално беше објаснето на д-р Миташев.

Што се однесува до конкретната парцела, би сакале да ја информираме јавноста дека доколку сопственикот не постапи согласно претходен договор, веќе влегува во фаза на плаќање пенали заради нереализација на проектот. Не би сакале ниту да помислиме дека инвеститорот се обидува да ги избегне обврските и одговорностите преку вмешување на оваа ранлива група граѓани.

Потенцираме дека ниту Миташев, ниту кој било друг не може да го убеди градоначалникот и службите на Општина Штип да работат спротивно законите во Република Македонија.

Општина Штип води грижа и заедно со Министерство за труд и социјална политика ќе продолжи да работи на финансирање на ранлива категорија граѓани.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2024
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize