Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Соопштенија Пписмена реакција на прес конференција на ОК ВМРО–ДПМНЕ Штип
Пписмена реакција на прес конференција на ОК ВМРО–ДПМНЕ Штип
Петок, 02 Март 2018 15:01

Почитувани,

Со жалење констатираме дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се служи со старите манипулативни техники и ширење лажни вести со цел да ги измамат граѓаните.

Граѓаните знаат и гледаат дека градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски е фокусиран на реализација на ветените проекти во предизборната програма понудена на локалните избори, како што се: гасифицирање на општина Штип, изградба на детска градинка, изградба на брана на реката Отиња, намалување на цената на водата за пиење, затворен училишен базен и многу други.

Студентскиот дом не е под ингеренции на локалните власти, но градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ќе ги употреби своите ингеренции и влијание за да излобира проекти коишто се од суштинско значење за студентите.

ВМРО-ДПМНЕ во Штип не направија никаков објект за студентите, иако тоа го ветуваа во изминатите десетина години и во недостаток на аргументи се обидуваат неосновано да ја оцрнат работата на новата локална власт.

Ставките во коишто се предвидува набавка на храна и пијалаци и мебел се однесуваат на потребите на Советот на Општина Штип и администрацијата и се однесуваат на најосновните потрепштини.

Лажните вести коишто ги шири ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип не одат во прилог никому, а особено не на граѓаните.

Заврши ерата на ВМРО-ДПМНЕ, заврши времето на криминал, самоволие, неодговорност и незаконско владеење.

Новата локална власт работи чесно и законски, во интерес на граѓаните на Општина Штип.

 

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2024
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize