Одделението за надзор над животната средина ги врши работите што се однесуваат на:
- инспекциски надзор согласно законските регулативи од областа на заштитата на животната средина и природата, квалитетот на амбиентот на воздухот, просторното планирање и прописите што ја регулираат оваа област;
- подготвува акти и други материјали како: предлози до градоначалникот и советот од своето работење, анализи за одредени состојби во општината;
- инспекциски надзор над примената на техничко-технолошките мерки за заштита на воздухот и водите, земјиштето и растенијата од загадување, заштита на посебни природни богатства, заштита на штетна бучава и штетни јонизирани и нејонизирачки зрачења;
- води постапка, донесува решенија и поднесува пријави за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд;
- врши други работи што ќе му бидат ставени во надлежност.
|