Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Проекти Проект за поврзување на локални патишта - Механизам за жалби и поплаки
Проект за поврзување на локални патишта - Механизам за жалби и поплаки
Среда, 09 Јуни 2021 08:20

Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка, Општина Штип аплицираше со проекти за Реконструкција на локална улица „Панче Караѓозов“ со должина од  407,0 м и Реконструкција на крстосница помеѓу ул.„Сремски фронт“ и ул.„Борис Крајгер“ со должина од 530 м кои се дел од Тендер 2 за кој во најскоро време ќе се започне со нивна имплементација на терен.

Единицата за имплементација на проектот (ЕИП) во рамките на Министерството за транспорт и врски согласно политиките и барањата во делот на животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, односно Рамката за животна средина и социјални аспекти – Стандард за животна средина и социјални аспекети 10, воведе Механизам за жалби и поплаки со кој ќе се обезбеди одговор на сите жалби и поплаки, особено на засегнатите и заинтересирани страни и заедницата севкупно.

Како дел од спроведувањето на проектите, Општина Штип пред започнување на градежните работи е обврзана да ја информира јавноста, локалното население и останатите засегнати страни дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот. Граѓаните тоа ќе можат да го сторат преку два документи и тоа: Механизам за жалби и поплаки преку примање на жалби и поплаки и нивно процесуирање и решавање и Образец за поплаки за целото спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен.

Во прилог се поставени двата документи кои на официјалната веб страна на Општина Штип ќе останат објавени сѐ до завршувањето и затворањето на проектите.



 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2024
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize