Увид на градежните активности на спортскиот рекреативен центар Ново Село |
Среда, 09 Февруари 2022 12:35 | |||
Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, изврши увид во тековните градежни активности на спортско рекреативниот центар Ново Село. Овој центар е сѐ уште во изградба и за брзо време ќе биде едно убаво опремено катче во кое ќе може да уживаат и помладите и постарите генерации. Градоначалникот изјави дека овој пример ќе го следиме и во иднина, односно дека секоја населба ќе добие вакви содржини кои взаемно ќе го красат Град Штип.
|