Учество во форум дискусија како дел од проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратници" |
Петок, 19 Ноември 2021 14:31 | |||
Градиначалникот на Општина Штип,Иван Јорданов, беше дел од форум дискусијата како дел од проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратници". Преку овој проект ќе се изврши социо-економска реинтеграција на повратниците, со социјална вклученост,економска добросостојба, но и адресирање на причините и негативните двигатели за миграција на ромското население.Во овој проект ќе се активираат повратници кои ќе стекнат нови вештини,советувања и поддршка при самовработување.
|