Работилница за изработка на стратегија за соработка со граѓанскиот сектор 2021-2025 на Општина Штип |
Петок, 26 Ноември 2021 13:21 | |||
На иницијатива на Здружението Форум - Центар за стратешки истражувања и документација Скопје, денес во Големата сала на Општина Штип се оддржа работилница „Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор 2021-2025 на Општина Штип“ каде што свое излагање имаше и Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.
Градоначалникот се обрати кон присутните дека потребата од граѓанскиот сектор е повеќе од корисна. Тој истакна дека со зголемување на фондот за определување на парични средства активно ќе се вклучат и оние граѓански здруженија кои во минатото биле помалку активни. Со транспарентен и јавен избор, преку аплицирање со најразлични проекти и програми ќе се определат кои граѓански здруженија ќе бидат избрани и на кои ќе им бидат доделени наменетите средства.
|