Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Увид во градежни активности за реконструкција на двор во ООУ„Димитар Влахов“
Увид во градежни активности за реконструкција на двор во ООУ„Димитар Влахов“
Понеделник, 28 Декември 2020 14:54

OUDimitarVlahov-Dvor-01Градоначалникот на Општина Штип, д-р Сашко Николов изврши увид во градежните активности за реконструкција и уредување на дворот во ООУ „Димитар Влахов“.

Се работи за комплетно уредување на дворната површина со што ќе се олесни пристапот како на учениците, вработените и родителите така и на оние возила кои што во одредени моменти неопходно е да стасаат до влезот на училиштето.

Дворот ќе добие комплетно нова бехатон површина со нови 24 клупи, реконструирани спортски терени, летна училница како и ново лед осветлување.

Дополнително овој двор ќе се уреди и хортикултурно.

„Се наоѓаме во основното училиште Димитар Влахов кадешто се вршат градежни активности во дворот на самото училиште. Ова беше наше предизборно ветување и веднаш почнуваме со негова реализација.

Целовкупната инвестиција во ова  основно училиште е околу 3 милиони денари, пари од буџетот на Општина Штип,“ истакна градоначалникот Николов.

Локалната самоуправа ќе продолжи да инвестира во подобрување на инфраструктурата во образовните институции со цел непречено одвивање на образовниот процес на децата.

OUDimitarVlahov-Dvor-02

OUDimitarVlahov-Dvor-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize