Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Готови проекти за секундарна гасификациона мрежа
Готови проекти за секундарна гасификациона мрежа
Среда, 09 Декември 2020 17:08

Proekti-GasifikacionaMreza-01Општина Штип денеска доби готови проекти за изработка на секундарна гасификациона мрежа. В.Д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски дадоа изјави за медиуми во врска со постапката која следува за проектот гасификација.

„Станува збор за три проекти, основен, идеен и инфраструктурен проект и со ова сме чекор поблиску до остварување на онаа желба на граѓаните на Штип, за гасификација на градот. Тоа е наше ветување коешто практично го реализираме,“ истакна В.Д. Градоначалникот, Миланов.

Граѓаните на општина Штип ќе има голем бенефит од гасифицирање на градот, а овој проект ќе се реализира во соработка со Министерство за транспорт и врски.

Овие три проекти чинеа околу 2,6 милиони денари.

Министерот Бочварски истакна дека оваа информација е многу важна за Владата а и за Општина Штип.

„Ќе имаме концесионер којшто ќе влезе и ќе ја гасифицира целата држава, односно сите градови. Такашто таа постапка паралелно е во тек преку Министерство за економија и очекувањата се дека, првиот квартал од 2021 ќе имаме информација кој ќе биде приватниот партнер преку процесот на Јавно приватно партнерство. Драго ми е што Општина Штип е подготвена општина,“ истакна Бочварски.

Proekti-GasifikacionaMreza-02

Proekti-GasifikacionaMreza-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize