Одлука за доделување признание „8 ноември“ за 2020 година |
Петок, 06 Ноември 2020 15:53 | |||
Денеска се одржа 41 седница на Совет на Општина Штип, online со 6 точки на дневен ред, меѓу кои и точката за доделување признание „8 ноември“ за 2020 година. На оваа седница советниците од Совет на Општина Штип едногласно донесоа одлука признанието „8 ноември“ за 2020 година да се додели на: - Д-р Трајче Стојанов – професор по филозофија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, за постигнувања во сферата од образованието и науката, - Елена Голомеова – оперска певица, за исклучителен придонес за афирмирањето на Штип во светот како уметник, - ТППЕ Штип (Територијална противпожарна единица), по повод 100 години пожарникарство и исклучителен придонес во противпожарната заштита на Штип, и - Инвективно одделение при Клиничка Болница – Штип, за несебичната борба за заштита на здравјето на граѓаните во услови на пандемија од Ковид 19. Во недела, 08.11.2020 г., по повод 76 години од ослободувањето на Штип, ќе има настан кај споменикот на револуцијата на тврдината Исар, со почеток од 10:00 часот, а потоа ќе се одржи Свечена седница на Совет на Општина Штип на апликацијата zoom, со почеток од 11:00 часот. Во прилог на оваа порака се поканите за 08.11.2020 г.
|