Посета на Претседателот Пендаровски на настанот Текстилијада |
Понеделник, 19 Октомври 2020 09:44 | |||
В.д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со Претседателот Пендаровски, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и претседателката на Здружението „Гласен Текстилец“, Кристина Ампева беа на отворање на споменик во чест на работниците и работничките и нивните права кој е поставен во паркот К’ртеке. „Пандемијата ни го донесе огромниот предизвик на здравствената криза која навлезе во сите општествени сфери и ги промени нашите животи од корен. За жал, пандемијата придонесе и за продлабочување на постојните, недозволено долго време присутни нееднаквости во различни области и на различни нивоа, а особено негативно се одрази на преработувачката индустрија, како што се текстилната и кожарската, каде се бележи значаен пад на бројот на ангажирани работници, но, и не мали регистрирани прекршувања на работничките права Јас токму во тоа ја гледам важноста и потребата од Текстилијадата, се разбира, паралелно со секојдневниот ангажман на граѓанските организации, активистките и активистите и сите оние кои работат на заштитата и унапредувањето на работничките права во земјава,“ истакна Претседателот Пендаровски. В.д. Градоначалникот на Општина Штип, Миланов истакна дека текстилната и кожарската индустрија во истокот се движечката сила на економијата во сите градови. „Улогата на локалната самоуправа е да создава поволни услови за отворање на нови работни места и раст на економијата во градот. Само поволна бизнис-клима може да привлече и здрави инвеститори кои ќе придонесат раст и развој на општините,“ истакна Миланов.
|